17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Морето исфрлило ѕвер на плажа: Никогаш не сум видел нешто слично (Видео)

На плажата Moore Park во австралиски Квинсленд се насукало големо морско суштество.

„Никогаш не сум видел толку голема риба. Имаше околу 150 килограми, беше огромна“, раскажал за Бундаберг Њуз Мејл Џон Линдхом кој рибата ја пронашол шетајќи по плажата со сопругата Рајли.

Дополнително се утврдило дека се работи за вид риба Queensland Groper која е заштитена и не смее да се лови.

Како рибата се нашла на плажа и која е причината за смртта не е утврдено, но бидејќи нема видливи повреди се претпоставува дека умрела од старост.