25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ прашува зошто ВМРО-ДПМНЕ не го осудиле палењето фотографии на политички лидери

ВМРО-ДПМНЕ не само што не го осуди вчерашното палење фотографии на политички лидери, туку се најде и повикана да го брани преку соопштение, покажувајќи загриженост од осудите што целата демократска јавност ги изнесе против овој антидемократски чин. Дали со тоа ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека стојат позади ова антидемократско дејство? Што мисли ВМРО-ДПМНЕ, дали палењето фотографии на демократски избрани лидери е чин за поздравување или чин за осуда?“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според владејачката партија. ВМРО-ДПМНЕ одбивајќи да ги осуди демонстрациите на омраза и одбивајќи да ги осуди повиците против интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ, уште еднаш покажува дека не може да се оттргне од темното минато кое својата кулминација и завршница ја доживеа на крвавиот 27 април 2017 година.