21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Огромен вртлог во езеро ги преплаши минувачите (Видео)

Посетителите на калифорниското езеро Бериеса биле изненадени од огромниот вртлог кој се наоѓа во близина на патот.

Многумина минувачи се чуделе дали се работи за природен феномен, меѓутоа, мистериозниот вртлог всушност е дело на човекот.

Овој вртлог е познат и како „Glory Hole“, а служи за испуштање на водата од езерото. Се наоѓа покрај брана, па целта е да не се прелие езерото преку браната. Сцените снимени со дрон во февруари годинава ќе ве воодушеват.

Ова езеро е едно од бројните и седмо најголемо во Калифорнија направено од човекот.