12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Жена скокнала во ледената вода и спасила куче од сигурна смрт (Видео)

Бен Вест од Ванкувер во Канада излегол да го прошета кучето покрај езеро и така случајно присуствувал на еден херојски чин.

Во еден момент забележал куче кое пропаднало низ мразот и почнало да се дави во студената вода. Повеќето луѓе застанале во шок и почнале да го довикуваат кучето, но една жена брзо реагирала.

Го извлекла кучето на безбедно, останатите за тоа време повикале болничари.

Бен вели дека жената била смрзната, но неповредена, како и дека брзо ја одвеле во една од блиските куќи да се згрее.

Кучето брзо се опоравило и продолжило да си игра со останатите кучиња.