10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Пратеник „прсна од смеа“ говорејќи за бананите

Пратеник од хрватскиот парламент се изнасмеа на говорницата зборувајќи за цените на бананите, за време на седница што траеше со часови.

Во парламентот се расправаше за измени во Деловникот, но расправата која започна во четвртокот нешто пред полноќ, траеше во текот на целата вечер, бидејќи по секоја дискусија опозицијата го користеше правото на пауза.

Ситуацијата подоцна беше доведена до апсурд, кога пратеникот Томислав Панениќ говорејќи за растот на цената на бананите, „прсна од смеа“.