21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Тврдокорните“ најавуваат блокирање на аеродромот

Здружението „Тврдокорни“ најавува дека ќе го блокира скопскиот аеродром како реакција на отстранувањето на споменикот на „Александар Македонски“. На фан-страницата на „Фејсбук“, од организацијата не прецизираат кога ќе ги спроведат блокадите, но најавуваат дека тоа ќе се случи во следниот период.

„Нападот против Александар Македонски е напад против целиот македонски народ! Нападот против Александар Македонски претставува објавување војна! А ова е војна која треба и мора да се добие, па дури и по цена на нашите животи! Никогаш нема да им простиме на предавници, утре допрва доаѓа! Борбата за МАКЕДОНИЈА допрва доаѓа!!!“, пишуваат на „Фејсбук“ од здружението, откако претходно објавија дека ќе организираат блокирање на аеродромот, кој со одлука на Владата беше преименуван во „Меѓународен аеродром Скопје“, а пред неколку дена беше отстранет и натписот „Александар Велики“.