21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин: Русија развива нова интерконтинентална балистичка ракета

Рускиот претседател Владимир Путин за време на годишното обраќање на Федералното собрание наведе дека Русија развива нова интерконтинентална балистичка ракета, која ќе има моќ да погоди било која точка на светот, објави Ројтерс. Тој додаде и дека воената операција на Москва во Сирија покажала зголемена способност на Русија во одбраната.

„За да ги заштити своите интереси, Русија почна да ги зајакнува своите воени, транспарентни и научни инфраструктури на Арктикот, порача рускиот претседател. Тој нагласи дека е многу тешко да ја пресретне било кој антиракетен систем. Путин рече дека тестираат и подводни дронови кои можат да носат нуклеарни боеви глави. Русија има ново суперсонично оружје со кое неможе ниту еден антиракетен систем да влезе во трага, предупреди Путин.