17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Од „грдото пајче“ до модел: Дадов отказ и почнав да живеам

Гвилим Пуг уште кога имал 21 година основал сопствена компанија за животно осигурување. Работел од дома поради што се здебелил.

Но, денес 33-годишникот од Велс го променил својот живот од темел и станал модел, поради што почнал да работи и со Дејвид Бекам.

Иако бил успешен во својата работа, Гвилим не бил задоволен од својот изглед.

„Во тоа време имав вишок килограми, работев 12 часа на ден, а поради повредите од спортски активности, не можев да се движам. Работата одеше добро, но одлучив дека треба да ставам ред во животот и повторно да почнам со здрав живот“, рекол за Мирор.

Моментално е амбасадор за House 99, бренд на Бекам за машко разубавување.