10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Локален политичар убил куче и со денови го возел заглавено во браникот

Руски лекар е обвинет дека неколку дена возел мртво куче заглавено под автомобилот.

Др. Валериј Писковец, кој исто така е и политичар, наводно удрил куче во близина на Украинската граница на Црно море.

Сведоците тврдат дека Писковец не го убил веднаш животното, туку некое време го возел додека кучето уште било живо, пишува Дејли Мејл.

Викторија Тараненко, која ја снимила шокантната глетка, рекла: „Возеше низ град со куче заглавено во браникот и не направи ништо за да го спаси животното.

-Кучето се уште беше живо кога го удри. Многу сведоци можат да потврдат дека телото на кучето го возел неколку дена“.

Полицијата потврдила дека жена го пријавила случајот и дека е извршена истрага со која е утврдено дека автомобилот му припаѓал на докторот и локален политичар Валериј Писковац, член на руската владејачка партија.

https://youtu.be/E8j0A9GdezA