25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Младоженец отворил свадбен подарок, и тоа било последното нешто што го направил во животот

Експлозија на свадебн подарок во индиската сојузна држава Одиши убила маж и неговата баба, а ја повредила и сопругата на мажот, пишува Би-Би-Си.

Соумја Секхар и Рим Сах се венчале на 18-ти февруари, а подароците почнале да ги отвараат неколку дена подоцна.

Полицијата утврдила дека свадбениот подарок кој ги убил мажот и неговата баба всушност била пакет бомба и на него не била напишана адресата на испраќачот.

Роднините на младите рекле дека пакетот експлодирал штом бил отворен.

Рим Сах и неговата 85-годишна баба починале во болница од здобиените повреди.

Полицијата се уште не знае кој бил мотивот на нападот.