23.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

„Добив на лотарија и тоа ми го уништи животот“

Добитник на лотарија во вредност од 80.000 фунти тврди дека добивката му го уништила животот бидејќи ги изгубил бенефициите кои ги имал.

Даниел Милер (63) од Велика Британија парите ги потрошил во неколку недели на подароци за семејството, патувања, обнова на куќата и облека. Но, не ја пријавил добивката кај надлежните, па ги изгубил бенефициите кои ги имал како инвалид кога се дознало дека добил на лотарија.

– Не знаев дека морам да се јавам во Министерството за работа и пензија, па потрошив сè на двата сина и ќерката, платив два одмори, ја обновив куќата, купив облека за сопругата и за себе, рекол за Дејли Рекорд.

Парите ги освоил во септември минатата година, но сè потрошил до декември кога стигнал повикот од Министерството. Даниел, кој веќе со години има здравствени проблеми, тврди дека тој и неговата сопруга, која за грижата за него добивала 62 фунти неделно, сега се сиромашни.

– Не снајде малку среќа и веднаш бевме казнети за тоа, рекол тој.