25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Рабојници украле пари од тетовска џамија

Непознати сторители извршиле тешка кражба во џамија лоцирана во Тетово.

Според информациите од МВР, разбојниците насилно го отвориле прозорецот и вратите од неколку простории на верскиот објект лоциран на улица „Радован Цончиќ“. Притоа, од фиока од работна маса во благајната одзеле помала сума денари, 20 швајцарски франци, како и мала метална каса во којашто се наоѓале повеќе документи околу изградбата на објектот.

На местото бил извршен полициски увид при што била утврдена вкупна имотна корист од 4.000 денари додека направената материјална штета била неколкупати поголема и дополнително ќе се утврдува.