27.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Саудиска Арабија вложува 64 милијарди долари за повеќе забава во земјата

Саудиска Арабија ќе инвестира 64 милијарди долари во забавниот сектор во следната деценија, како дел од спроведувањето на програмата за социјални и економски реформи, изјавија официјални лица. Ахмад бин Акил ал-Катиб, лидер на администрацијата за забавниот сектор, во четвртокот рече дека планираното финансирање ќе биде обезбедено од владини средства, но и од приватниот сектор.

Од таа администрација претходно неделава, објавија дека планираат повеќе од 5.000 настани за 2018 година.

„Ние веќе ја градиме инфраструктурата“, рече Катиб додавајќи дека веќе е поставен камен-темелникот на местото каде што ќе биде изградена оперска куќа. Додаде дека вистинските промени ќе бидат видливи до 2020 година. Во последниве неколку месеци Саудиска Арабија организираше концерти, фестивал на стрип-културата и прослава на национален празник на која присуствуваа мажи и жени, а за првпат по улиците се танцуваше на електронска музика.

Отворањето кон новите можности за забава во ова конзервативно кралство е дел од реформската програма наречена „Визија 2030“, која е идеја на младиот принц Мохамед бин Салман.