21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Американската амбасада во Ерусалим ќе биде отворена во мај

САД планираат да отворат нова амбасада во Ерусалим во мај на одбележувањето на 70-годишнината од независноста на Израел.

Амбасадата најпрвин ќе биде во Арнона, четврт во јужниот дел на Ерусалим, во комплексот каде што сега се издаваат пасоши и визи. На почетокот во неа ќе бидат амбасадорот и мал тим вработени.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на 6 декември лани соопшти дека САД го признаваат Ерусалим како главен град на Израел и најави дека амбасадата од Тел Авив ќе биде преселена во т.н. свет град. Одлуката на Трамп предизвика протести не само на Западниот Брег во Појасот Газа и арапските земји туку и во целиот муслимански свет.

Палестинците планираат источен Ерусалим, што Израел го анектира во војната во 1967 година, да биде седиште на нивната независна држава.