17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање во Америка, меѓу повредените и дете

Најмалку четири лица се повредени во пукање што се случи пред ресторанот „Тексас Роудхаус“ во Сан Антонио, соопшти полицијата.

Меѓу повредените е и шестгодишно дете. Другите жртви се во своите дваесетти години.

„Двајца од тројцата повредени се здобија со повреди опасни по живот и тие се пренесени во најблиската болница. Засега се во стабилна состојба“, соопшти полицијата.

Шестгодишното момче било погодено со куршум во ногата и не е во животна опасност, пренесуваат локалните медиуми.

Полицијата соопшти дека пукањето се случило синоќа околу девет часот по локално време.

„Не веруваме дека се работи за случајност бидејќи сите жртви се во роднинска врска“, соопшти полицијата.

Локалните репортери наведоа дека кон луѓето во ресторанот пукал афро-американец со полуавтоматска пушка.

Напаѓачот не е уапсен и во тек е потера по него.