17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Отец Пимен вечерва со моќна порака до нацијата: О ти човеку што држиш камен во рака за да го фрлиш на грешникот, сети се дека некој друг можеби држи камен во неговата рака за да фрли на тебе…

Отец Пимен вечерва со моќна порака до нацијата по повод големиот празник Прочка кој се слави утре.

Отец Пимен во предвечерието на големиот празник порачува:

– О ти човеку што држиш камен во рака за да го фрлиш на грешникот, сети се дека некој друг можеби држи камен во неговата рака за да фрли на тебе.

Остави го каменот и пружи рака и побарај прошка од братот свој.

Тогаш и тој ќе го остави каменот негов, а и оној кој спремал камен за него.

И така до бескрај ќе се ослободуваат дланки од камења и ќе се ракуваат и гушкаат луѓето во радоста на простувањето.

И тогаш ќе биде голема радоста и на Небесата и на Земјата.

По тоа ќе нè познаат дека сме Негови ученици и дека со право го носиме името Христијани.

За многу години Прочка.

Проштевајте и нека биде простено од мене и од Бога!, напиша Отец Пимен на својот фејсбук профил.

Доколку се согласувате споделете.