17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Буш упати честитка за независноста на Косово

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш (помладиот) му честиташе на Косово, по повод 10 години од прогласувањето на независноста, пренесува албанскиот телевизиски канал „Топ Ченал“.

Во пораката упатена до косовските власти, Буш изјавил дека бил горд што го прифатил барањето САД да го признае Косово како суверена и независна држава.