17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дете-талент од Тетово, пеејќи за Исмет Јашари и УЧК доби субвенција од Министерство за култура(видео)

„Виган Максути е албанскиот талент од Тетово, кој со сигурни чекори оди кон успех. Тој е ветувачки талент, нова ѕвезда која почнува да свети. Од 2013 година како 7 годишен ученик учествува на детскиот фестивал Блејат, каде што ја освоил третата награда со песната Мојата баба“- е информацијата која може да се најде за ова веќе 12-годишно момче од Тетово, објави Ако.мк.

Во 2014 година за него е направен првиот видео запис во замокот Селра, за песната со наслов „Гулаб на слободата”. Во 2015 година, ја освоил втората награда на Детскиот фестивал со песната „Со песни што ќе кажам”.

За него има повеќе видео записи со детски песнички, но и еден ваков запис, во кој малиот Виган е облечен во маскирна униформа на УЧК и пее песна каде се величи делото на командантот на некогаш паравоена УЧК-Адем Јашари.

Здружението Виган, за проектот што го носи истоимениот наслов како песната „Гулаб на слободата“, побарало од Министерство за култура 200.000 денари, но комисијата која одлучувала, решила да им додели повеќе – 300.000 денари, што е исто така невообичаено, бидејќи во принцип речиси секогаш се доделуваат помалку пари од бараното.

Спонзорирано: