14.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото pixabay / илустрација
МАКЕДОНИЈА

Тројца повредени во сообраќајка на „Словенечка“

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа на крстосницата на бул. „Словенија“ и ул. „Качанички пат“. Незгодата се случила меѓу патничко возило „ауди А6“ со косовски национални ознаки, управувано од С.А. (44) од Урошевац, Косово, и патничко возило „фолксваген бора“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И. (30) од Скопје.

Со тешки телесни повреди се здобил И.А. (50) од Косово, сопатник во возилото „ауди“, кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и по укажаната помош бил задржан на понатамошно лекување. Со телесни повреди се здобиле возачите С.А. и Б.И. и сопатникот во возилото „фолксваген бора“, Х.Ф. (26) од Скопје. Тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. По укажаната лекарска помош Б.И. и Х.Ф. биле задржани на понатамошно лекување, а С.А. бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.