11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Пожар во хотел во центарот на Берлин, евакуирани туристи

Пожар изби во хотелот Мандала во центарот на Берлин, поради што евакуирани се гостите и персоналот, пренесуваат германските медиуми. Пожарот избил на еден од горните катови на 11 катниот хотел.

Портпаролот на противпожарната служба изјавил дека пожарот избил во 10 часот во просторијата за сауна во хотелот, а потоа брзо се проширил се до покривот.

Педесет пожарникари се наоѓаат на лице место и се обидуваат да го изгаснат огнот. Според информациите, нема повредени. Се уште не се знае причината за пожарот.