17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хан: Србија може да помогне во напредокот на регионот кон ЕУ

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска изјави дека сите делови на Западниот Балкан имаат перспектива изразена во стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан и која треба да создаде позитивен притисок врз сите политичари во регионот да работат на перспективата во интерес на своите граѓани.

На заедничката конференција за новинарите по разговорот со претседателот на Србија Александар Вучиќ во Белград, Хан рече дека позитивните резултати од дијалогот на Белград и Приштина треба да бидат во интерес и на Косово и Србија, а тоа е европската перспектива.

Тој додаде дека е најважно да се постигне решение што ќе донесе мир и стабилност. „Србија како еден од лидерите во евроинтеграциите на Западен Балкан може да помогне во напредокот на целиот регион на патот кон Европската унија. Во интерес на Србија сите земји од регионот да одат напред, порача тој.

Хан истакна дека долготрајната стабилност бара помирување и добрососедски односи, и дека Европската унија не може и нема да внесува билатерални спорови.

„Србија мора да го реши и примени законски обврзувачкиот договор со Косово, а ние сме тука да помогнеме и во решавањето на други гранични прашања со другите соседи,“ рече Хан на заедничка прес конференција со Вучиќ. Хан му се заблагодари на Вучиќ „на храброста да покрене внатрешен дијалог“ за Косово, бидејќи тоа не се однесува само за иднината на Србија туку и за безбедноста и мирот во целиот регион, во која Србија можеби ја има најзначајната улога. Хан изјави дека Србија има реална перспектива во ЕУ и дека земјата ја очекуваат тешки реформи, особено во владеењето на правото.