12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Босанец во Германија: Секоја будала која сака да работи овде може да успее (Видео)

Јусуф Квакиќ, познат босански влогер, пред три години се отселил во Германија со сопругата. Работи во еден трговски центар.

Своето искуство за животот во Гермнаија го опишува на влог на Јутјуб.

Во еден од своите видео клипови ги критикувал своите сонародници.

Вели дека го нервираат староседелците кои долго живеат во Германија и кукаат кога ќе дојдат во БиХ.

„Она што ме нервира многу… Овде луѓето живеат живот каков што живеат, имаат свои трошоци, обврски… Често сте слушнале и ќе слушнете, човек доаѓа од Германија во Босна, Србија, Хрватска, небитно, и вели: ’Знаеш ти што е полошо, прво, многу се работи. Многу се работи, му ја одраа кожата на луѓето!’ Вели има да плати стан, две деца, школо, ги облекува децата, осигурување, можеби и некој кредит за автомобил.

Обично тука се има еден автомобил, некој Фиат кој се вози до работа и назад, а обично се има и по некое Ауди и Бе-Ем-Ве за во Босна, бидејќи мора да се покаже дека се вози некоја машинерија. И ти доаѓаш со машинерија и кукаш и се жалиш. Немој да кукаш. Зошто?

Имаш овде стан, вода, струја, кредит за автомобил, интернет, можеш да земеш годишен, да одиш на море… Трошоците се многу високи. Но, остави ги на страна своите трошоци и погледни ги своите примања. Ако имаш тоа да го покриеш – освен ако си коњ, ако си коњ ќе одиш по дискотеки… тоа овде е луксуз. Го пробав тоа и сфатив дека тоа е фрлање пари.

Не ја дерат кожата тука. Мене претходно луѓето ми зборуваа: ’Ти кога ќе одиш Германија има да ти ја одерат кожата. Нема да мислиш на тие будалаштини, на тие глупости кои ги снимаш на Јутјуб. Нема да имаш воља за тоа. Мртов ќе паднеш во кревет. Од кревет стануваш на работа. Ти си робот.’ Лажат!

Ти ако сакаш нормален живот најди си нормална работа. Ако сакаш кули и вили тогаш зароби се со две работи, подигни кредити. Тогаш можеш да кукаш.

Не верувајте во тие приказни, овде не е совршено, мора да се работи, но секаде мора да се работи.

Овде секоја будала која сака да работи може и мора да успее“, порачува Квакиќ.