25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Фото) Мицкоски: Зборовите на Делчев денеска имаат посебна тежина

Лидерот на опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ, на својот официјален фејсбук профил објави цитат од истакнатиот македонски револуционер, Гоце Делчев, по повод 146-годишнината од неговото раѓање која се одбележува денеска. Во рамките на објавата, Мицкоски наведува дека мислите и зборовите на Делчев ја рефлектираат реалноста како никогаш до сега.

„…Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа отколку во Македонија?…” Делчев, камен темелникот на македонската борба за осамостојување, синонимот за борба и пожртвуваност за Македонија. И ден денес одзвонуваат неговите зборови и ја рефлектираат реалноста како никогаш до сега. Браќа и сестри, во секој од нас има дел од нашиот најголем идеолог, во секој од нас тлее љубовта за Македонија, тлее жарот за Македонија. Му го должиме тоа нему, на себеси и на нашите идни поколенија. Вечна слава!“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Гоце Делчев бил роден на 4 февруари 1872-ра година во Кукуш. Тој се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. До 1901-ва година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија, а убиен бил на 4 мај 1903 година од турската војска во селото Баница.