17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бачев: Талат Џафери е правно неписмен

„Единствена Македонија на 23 јануари во Собранието поднесе Иницијатива за донесување на Одлука за повлекување на Одлуката за членство на Македонија во НАТО што ја донесе Собранието на 23 декември 1993 година. Меѓутоа, Талат Џафери со негов своерачно потпишан допис ни ги врати материјалите со образложение дека политички партии не можат да поднесуваат иницијативи, иако според правото на Република Македонија секој во државата (граѓани, група на граѓани, институциии, здруженија…) може да поднесе иницијатива „за сè и сешто“, до кој биле државен орган, а сосема друго е прашањето дали односната иницијатива ќе биде прифатена, реагира партијата.

Според нив, правната неписменост на Талат Џафери е негова лична работа, меѓутоа, за Единствена Македонија таквата неписменост е крајно вознемирувачка и опасна, бидејќи го попречува македонскиот народ во намерата да не дозволи влегување на Македонија во НАТО.

Единствена Македонија му порачува на македонскиот народ да биде спокоен, „бидејќи заедно со народот ќе спречиме влез на Македонија во НАТО и ќе ја оствариме јасно изразената намера на македонскиот народ за стратешко партнерство со Русија со што се обезбедува опстанокот и просперитетот на Република Македонија“.