12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција ги засили нападите во Африн

Турската армија ги засили нападите врз предградијата на сирискиот град Африн, кој е под контрола на курдската герилска група ЈПГ.

Во своите напади врз стратегиски важната планина Бурсаја североисточно од Африн, турската армија користи борбени авиони и тенкови, објави германскта агенција ДПА. Во офанзивата учествуваат и сириски герилски групи кои се поддржувани од страна на Турција. Нападот доаѓа во пресрет на конференцијата која Турција, Русија и Иран ја организираат во рускиот град Сочи. Во борбите, според турската армија, убиени се 477 противници.

Сириската Влада и активистички организации од регионот ја обвинија Турција дека во своите воздушни и артилериски напади му нанела штета на древниот хититски храм Аин Дара, локалитет од железното доба познат по своите големи резбани споменици. Сирија побара меѓународна интервенција за да се запре турската офанзива во областа на Африн.

Сириската опозиција најави дека ќе ја бојкотира конференцијата во Сочи.