12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата упадна во канцелариите на опозицискиот лидер

Руската полиција изврши рација во канцелариите на опозицискиот лидер Алексеј Навални, во истиот ден за кога се закажани протести низ Русија за бојкот на претстојните претседателски избори, пренесе Би-Би-Си.

Портпаролката на опозицискиот лидер, Алексеј Навални, изјавила дека руската полиција користејќи брусилица упаднала во канцелариите на Навални.

На фотографиите, објавени од приврзаниците на Навални, се гледа како околу 14 полицајци се собрале пред влезот на неговата канцеларија, а на некои се гледа и дека провалиле внатре и почнале да ги испитуваат луѓето, додава британската агенција.

Како што рекла портпаролката на Навални, овој упад има за цел прекин на работата на телевизиските студија кои се наоѓаат внатре во канцеларијата.

За денеска се најавени протести низ Русија на стотина приврзаници на Навални, на кои гласачите ќе бидат повикани на бојкот на претседателските избори закажани на 18-ти март, за кои тие тврдат дека се наместени.