12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Московиси: Ако се предомислат Британците, вратите на ЕУ им се отворени

Во случај, Британија да сака да го поништи исходот од својот референдум од 2016 година за излез од Европската унија, вратите на ЕУ ѝ се отворени, изјави европскиот комесар за економска и монетарна политика, Пјер Московиси.

„Вратите се отворени. Доколку Британците сакаат да се предомислат, ќе бидат многу добредојдени“ рекол Московиси, во заедничко интервју за француската телевизија Си Њуз, радиото Ероп1 и весникот Еко.

Московиси е поранешен француски министер за финансии.