16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се пресметува со политички неистомисленици

По повеќе од десет дена сеуште не се добиени решенијата за притвор за некој од уапсените што јасно укажува на фактот дека ова не е правен процес туку политичка пресметка, сметаат од партијата ВМРО-ДПМНЕ. Тие во соопштеније до јавноста реагираат за правниот развој на настаните поврзан со притворените за 27 април.

„ Власта безобразно и на очиглед на сите ги злоупотребува институциите на системот за политичко пресметување со неистомислениците. Судовите не се ни трудат да ја запазат правната постапка. Во решенијата што се доставени до правните застапници на обвинетите воопшто нема образложенија или тие не соодветствуваат со фактичката состојба. По повеќе од десет дена сеуште не се добиени решенијата за притвор за некој од уапсените што јасно укажува на фактот дека ова не е правен процес туку политичка пресметка“, сметаат тие.

Според нив владата на СДСМ судиите ги претвори во политички пиони кои ги користи за дневно политички потреби, целосно уривајќи го угледот и честа на судовите како институции кои треба да дејствуваат независно од извршната власт.

„Самиот факт што вишото јавно обвинителство ги нарекува обвинети оние кои се политички осомничени за настаните од 27 април е доволен доказ дека некој сака да ги издиктира и пресудите, а судот треба молчешкум да ги изрече. Веќе два месеци Дурловски, Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски и останатите се држат во притвор само затоа што си ја сакаат својата татковина и гласно се спротиставуваа на плановите на оваа влада за нејзино редефинирање. Нивниот притвор е обид да се замолчи и попречи секое спротиставување на погубните политики на владата на СДСМ, стои во соопштението.

Со ова велт од партијата, владата на СДС Македонија ја стави во ранг на диктатурите од третиот свет во кои се применуваат вакви методи за пресметка со неистомислениците.

„Политичките слободи и слободата на говорот се основните права на цивилизираните општества, какво што се стремиме да станеме. Во Македонија владее тотален мрак. Обвиненијата за тероризам се апсурдни конструкции и измислици со кои се праќа порака на сите кои сакаат да го кренат својот глас за работите во кои веруваат.Срамна и политичка е одлуката на Апелациониот суд за продолжување на притворите на патриотите Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Божиновска, Чавков, Мукоски и останатите кои застанаа на браникот на татковината.“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: