12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Секоја чест: Знаете ли зошто Абрамович отплати коцкарски долг стар 150 години?!

На познавачите на ликот и делото на Фјодор Михаилович Достоевски познато им е дека тој бил страствен коцкар, за што сведочи и истоимениот негов роман.

Еден дел од животот, Достоевски живеел и творел во Германија, во градот Висбаден, а одењето во коцкарница бил негов секојдневен ритуал.

Во таа коцкарница кружела приказна дека Достоевски останал должен денешни 240.000 евра.

Се до 2013 година, таму стоела табла: „Во оваа коцкарница, Ф.М. Достоевски, останал должен толку и толку…“

Меѓутоа, во казиното се јавил сопственикот на Челси Роман Абрамович.

Тој го „регулирал“ цел долг а својата постапка ја објаснил со следниве зборови: „Достоевски никому ништо не е должен. Тргнете ја таа срамна табла“.