10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: илустрација/pixabay
МАКЕДОНИЈА

Полицијата го уапси З.С.

На 19.01.2018 година во 10,12 часот во туристичката населба „Абланица“ атар на општина Берово, од страна на полициски службеници од Полициската станица Берово бил лишен од слобода З.С. (49) од с.Вирче-делчевско, за кого имало распишана потерница од Казнено поправниот дом во Штип поради постоење основи за сомнение дека е извршител на повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ на подрачје на Берово.

По завршувањето на постапката и изготвување на потребна документација, лицето ќе биде спроведено во Казнено поправниот дом во Штип.