12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

За куќата да ви биде подготвена за радост и среќа – еве што треба да направите

Фенг шуи филозофијата вели дека ѕидовите на нашите домови ги впиваат сите емоции, како оние добрите, така и лошите. Се вели дека не е чудо што луѓето стануваат нервозни и незадоволни кога во куќата ќе се насобере многу негативна енергија.

За куќата да ви биде подготвена за радост и среќа, фенг шуи препорачува некои од правилата кои би влијаеле на редовно чистење и прочистување на куќата на одредени начини, а се во цел одржувње на баланс помеѓу позитивната и негативната енергија.Секако, се што луѓето треба да направат за да уживаат во престојот во својот дом.

Како што вели фенг шуи, просториите во вашата куќа треба да бидат чисти и уредни, како би ја исфрлиле негативната енергија и нервозата кои ги создаваат нечистотијата, прашината и нередот. Иако често не сме расположени за домашните обврски, особено за големи чистења, треба да бидеме свесни за задоволствата кои ги нуди чистиот дом.

Исто така, оваа филозофија препорачува да воздухот биде чист, па се препорачува во просториите во кои престојувате да имате мирисни билки, како и други лековити средства како лаванда, жалфија и слично. Проветрувањето, секако, е составен дел од рутинското чистење.

И скапоцените камења, како што се аквамарин или кварц кои донесуваат спокој и поволна атмосфера, се препорака која треба да ја применувате.