12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Оваа снимка е доказ на изреката „среќа во несреќа“ (Видео)

Овој човек од Кина успаеал, со вистинско чудо, да избегне смрт кога среде улица, при полна брзина, го удрил камион полн со ѓубре.

На снимката која се појави на интернет се гледа човек како стои на улица, а на него во еден момент налетува камион, кој се движи со голема брзина. Возилото со својата сила го отфрла човекот на земја, а потоа, по неколку метри, се превртува.

Од друга страна, човекот кого металната грдосија го удрила, речиси неповреден станува од асфалтот, а со помали повреди поминал и возачот на камионот.