17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Украдено возило „ситроен џампер“

Т.Ѓ. (46) пријавил во Полициската станица Гази Баба дека во саботата во периодот од 15 до 20.30 часот од непознат сторител му било одземено возилото „ситроен џампер“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано на улицата Методија Андонов – Ченто.

Сторителот на непознат начин влегол во возилото, го стартувал и побегнал во непознат правец стекнувајќи се со противправна имотна корист од 240.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.