11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Собранието ќе го ратификува договорот со Бугарија

Договорот за добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија денеска ќе се најде пред пратениците во Собранието. Со ратификувањето во Собранието договорот стапува во сила веднаш. На дневен ред ќе биде и презентирањето на програмата и приоритетите за работата на бугарското претседателство со Советот на ЕУ, што ќе ги презентира бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Великов Петков.

На овој состанок, освен обраќањата на претседателот на комисијата, Артан Груби, и амбасадорот Иван Великов Петков, ќе се обратат и заменик-премиерот Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и амбасадорот на ЕУ во земјата, Самуел Жбогар.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува во Собранието. Од таму договорот го оценија како штетен за националните интереси на Македонија.

Договорот за добрососедство, пријателство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија, кој се подготвуваше неколку години, премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов го потпишаа во Скопје на 1 август минатата година. Договорот беше ратификуван во Собранието на Бугарија во ноември минатата година, а во сила ќе стапи кога ќе се ратификува и од страна на македонското Собрание.