12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Истурил вода во пустина и создал „чудо“ (видео)

Многумина се зачудени од видеото на кое се гледа како еден човек истура течност од шише на песок во пустина, по што се создава ледена скулптура.

Сепак, тука не станува збор за некој трик или пак чудо, туку човекот истурил жежок мраз на пустински песок и така направил скулптура.

Жешкиот мраз инаку има температура од + 54 степени Целзиусови. Се создава многу брзо, за само неколку секунди и притоа ослободува голема топлина.

Реакцијата доведува до брза промена на неговата температура и агрегатна состојба, од течна во цврста.

Интересно е и тоа што, кога ќе зацврсти, жешкиот лед со загревање повторно се враќа во течна состојба.