17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец нападнат од две кучиња скитници

Во текот на вчерашниот ден скопјанецот Ж.П. (63) пријавил во полиција дека околу 11 и 30 часот, додека се движел по улицата „Февруарски поход“, бил нападнат од две кучиња скитници.
Според неговата изјава, едното од кучињата го каснало во пределот на задниот дел од левата нога при што му била нанесена видлива повреда со крвавење.
Тој самиот отишол во Инфективната клиника при комплексот „Мајка Тереза“ каде што му била укажана лекарска помош.