12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Магла на превојот Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – с. Гајре и од 80 до 100 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.