17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Лекарите го прогласиле за мртов, а потоа „се разбудил“ пред обдукција

Гонзало Монтоја, 29-годишен затвореник кој во неделата наутро е прогласен за мртов, и тоа од дури тројца лекари, се наоѓа на одделот за интензивна нега во болница во Хихон откако се „разбудил“ точно пред почетокот на обдукцијата.

Како дошло до грешката, се уште се истражува, но се зборува дека Гонзало е пронајден во затворска ќелија во бесвесна состојба, па бил „спакуван“ во црна вреќа откако го прегледале двајца затворски лекари.

Дека е „мртов“, кратко потоа потпишал и нивниот колега кој го испратил судот, меѓутоа, забуна во последен час забележал обдукцискиот патолог кој само што не започнал со утврдување на причината за смртта.

Патологот забележал дека Гонзало отежнато дише, па за сè ги известил лекарите кои мажот го префрлиле во болница на интензивна нега.

Иако не е соопштено која е причината за болеста, шпанските медуми пренесоа дека состојбата му е стабилна како и дека покрај него се наоѓаат членовите на семејството кои претходно биле известени дека починал.

Засега се нагаѓа дека станува збор за нов случај каталепсија, односно дека дошло до забуна бидејќи телото на пациентот било целосно згрчено.