12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Премиерот на Тајланд постави картонска кукла за одговори на новинарски прашања

Премиерот на Тајланд, Прајут Чан-оча, на прес-конференција направи бизарен потег за кој известуваат медиумите во светот.
„Доколку сакате да поставувате политички прашања, прашајте го овој човек“, рече премиерот и со раката ги насочи кон картонската кукла што го прикажува него во природна големина. Кога куклата ја наместија пред микрофонот, Прајут Чан-оча ги поздрави присутните и ја напушти конференцијата.
Неколку новинари се фотографираа со премиерот од картон.
Картонската кукла била направена по повод Денот на децата на Тајланд, а сега се користи со цел премиерот да избегне незгодни новинарски прашања.
Невладината организација „Хјуман рајтс воч“ остро реагира по овој потег на тајландскиот премиер наведувајќи дека ова е дел на долгата листа бизарни потези и малтретирање новинари.
Прајут претходно им фрли лушпа од банана на новинарите и им се закани, што наводно се утврди дека било невкусна шега.