17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Семејство поминало покрај бездомник како да не постои, а тогаш еден член направил нешто воодушевувачко

Гентри е познат како музички состав сочинет од три тенори. По повод Божиќ снимиле видео запис за божиќната песна „Oh Holy Night“, а видеото допрело до срцата на многумина.

На почетокот на видеото, бездомник му помага на маж за да си го прицврсти божиќното дрво на врвот од автомобилот. После тоа нему од глава не му излегува ликот на бездомникот, осамен и премрзнат на улица, па одлучил да се врати за да му се заблагодари.

Видеото завршува со Евангелието по Матеј: „Навистина, ви велам, што и да направите за еден од овие мои најмали браќа, ми го правите мене“.

Целта на празникот не е само дарувањето, туку и благодарноста и пожртвуваноста…