10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Куче повеќе од година покрај пат го чека сопственикот кој загинал

Ова е уште еден доказ дека кучето е најдобар пријател на човекот.

Имено, на студениот Сибир, каде температурите се често под нулата, веќе година дена едно куче покрај пат го чека сопственикот кој загинал на тоа место.

Луѓето почнале да го забележуваат верното куче есента 2014 после една сообраќајна несреќа.

Во надеж дека ќе му помогнат, љубителите на животни се обиделе да го фатат, но безуспешно. Бидејќи не дозволувало да го фатат, почнале да го хранат покрај патот во Беркут.

– Се чини дека не сака да го напушти тоа место и дека го чека сопственикот кој, колку што знаеме, не ја преживеал сообраќајната несреќа. Не верува никому и ги советуваме луѓето да не го допираат, рекла активистката за животни Анастасиа Селин.

Во тек е кампања за пронаоѓање на дом за ова верно куче.