17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Жирито го прекинало нејзиното досадно цртање, но кога завршила – за малку ќе паднеле во несвест!

– Сега испаднавме идиоти, рекол еден од судиите на швајцарски Суперталент. Неколку секунди претходно, сите четворица и дале „Х“ на Корин Сутер.

Судиите немале трпение да го следат нејзиното цртање со креда, но кога го довршила своето дело, пожалиле истиот момент.

Откако го открила портретот, публиката станала, а судиите секако се предомислиле.

Снимката од нејзиниот настап набрзо се проширила на социјалните мрежи и предизвикала воодушевување, но и лутина кон судиите кои немале трпение да видат што се крие зад нејзиниот цртеж.