10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лашкоска: Се докажа дека ВМРО-ДПМНЕ не бега од формирање на антикорупциска комисија

ВМРО-ДПМНЕ долго време, поточно 9 месеци апелираше дека е потребно итно формирање на антикорупциска комисија во Република Македонија. Денес се докажа дека ВМРО-ДПМНЕ ниту го блокираше носењето на антикорупциската комисија, ниту бегаше од нејзино формирање како што тврдеше СДСМ, изјави пратеничката Ане Лашкоска.

„Драго ни е што владејачкото мнозинство го послуша нашиот апел и беа земени предвид нашите амандмани со цел да се донесе што е можно поквалитетен закон за формирање на Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси. Како што и претходно кажавме, како опозиција нашите амандмани беа од суштинско значење кои драстично го променија текстот на законот“, рече таа.

Пратеничката додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е задоволно што владејачкото мнозинство конечно сфатило дека на Република Македонија ѝ е потребна квалитетна и пред сè професионална антикорупциска комисија што ќе работи сериозно и без какви било политички влијанија.

„Прифаќањето на амандманите е показател дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да блокира вакви битни процеси туку пред сè има еден сериозен пристап да дејствува за подобрување на сите процеси што се одвиваат во нашето општество“, рече Лашкоска.