Дваесет и едногодишна девојка од Виена му го скрши носот на Авганистанец кој за новогодишната ноќ сексуално вознемирувал неколку жени.
Бидејќи 20-годишникот ја допрел девојката по задникот, според полицијата, таа рефлексно се свртела и го удрила злоставувачот. При ударот му го скршила носот, поради што тој бил превезен во болница.
Минувачите кои го сведочеле настанот, пред полицијата рекле дека Авганистанецот допирал повеќе жени.
Против него е поднесена пријава за сексуално вознемирување, а пријава за нанесување на телесни повреди е поднесена и за девојката која му го скршила носот.
Овој случај предизвика бурна дебата во јавноста, која го поставува прашањето зошто е поднесена пријава против девојката која, според многумина, само се бранела од насилникот.