21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсење на граничниот премин „Деве Баир“

Вчера во 13:50 часот на Граничен премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа-зелена карта“, бил приведен 51-годишниот С.Р. од Република Турција, кој управувал товарно возило „ДАФ“ со полуприколка со турски национални ознаки.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица „Крива Паланка“ за понатамошна постапка.