17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лавров: Независноста на украинската црква е провокација поддржана од Вашингтон

,,Независноста која ја доби Украинската православна црква е провокација од Цариградската патријаршија со поддршка од Вашингтон”, порача рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој во интервју дадено за неколку медиуми, вели дека станува збор за „провокации на цариградскиот патријарх Вартоломеј, со јавна и директна поддршка од Вашингтон“.

„Мешањето во животот на црквите е забрането со закон во Украина, Русија, и се надевам, во секоја нормална држава“, додаде Лавров во разговорот за државната телевизија РТ и француските медиуми Фигаро и Пари мач.

Цариградската патријаршијаво четвртокот по дводневнен синод во Истанбул ја призна независната Украинска православна црква во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков кажа дека Русија „ќе ги брани интересите на православците“ во случај на верски немири со Украина.