21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Од понеделник зимско сметање на работното време на јавните паркинзи

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје соопшти дека од понеделник почнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува претпријатието.

Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде од понеделник до петок од 7 до 21 часот, а в сабота од 7 до 14 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д работното време останува исто, односно од понеделник до сабота, од 7 до 23 часот.