На 27.11.2025 во 23:45 часот во селото Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 65-годишен жител на истото село. Според пријавеното, тој околу 20:30 часот во селото Банско, во близина на неговата куќа, со воздушна пушка пукал кон малолетник од Струмица и го погодил во ногата.
На малолетникот му е укажана медицинска помош во Општа болница Струмица, а воздушната пушка била пронајдена и одземена. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


