Centar.mk
ЛОКАЛНО

ЈП ВОДОВОД: Водата во ООУ Димо Хаџи Димов во општина Карпош е санитарно исправна

ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден 26.11.2025 година изврши вонреден мониторинг врз основа на пријава од ООУ Димо Хаџи Димов, општина Карпош.
Секторот за санитарна контрола зема 4 примероци од две локации (училница и кујна) од кои две за физичко-хемиска анализа и две за микробиолошка анализа.

Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), при што констатираме дека водата во ООУ Димо Хаџи Димов во општина Карпош е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува.

Можеби ќе ве интересира

Битола: Работен состанок со „Бехтел и Енка“ за автопатот Битола–Прилеп

ДЕСК

ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ – Исклучувања до 16 часот, објавени се точните улици и населени места

ДЕСК

ВАЖНО ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА КАПИШТЕЦ И ВОДНО – Од 8:30 часот прекини во водоснабдувањето, познати се улиците

ДЕСК