ОВР Прилеп поднесе известување против четири млади лица од Прилеп, поради сомнение дека сториле кривично дело „тешка телесна повреда“. Според пријавата, на 25 септември 2025 година, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, тие физички нападнале едно лице и му нанеле тешка телесна повреда.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.


